All for Joomla All for Webmasters

Почитувани посетители на Веб страната на погребалниот оператор ” Мирен сон” од Охрид

 

 

Поставување на некролози на Веб страна е проект кој нашето претпријатие Мирен сон успешно го реализира изминативе 9 години. Веб страната на Мирен сон е првата Веб страна на  погребално претпријатие од ваков вид во Република Македонија. Поддршка и одлична соработка постигнавме со охридските портали, Ohridnews и Ohridnet . Нашата цел и интенција како респектабилно и најголемо претпријатие во регионов, кое покрива околу 90% од погребувањата во Охрид и Дебрца, беше и сеуште е да ја замениме онаа непопуларна слика во градот со поставени некролози низ охридските улици.

 

Во секој случај денес, скромно но достојно со право можеме да се пофалиме дека успеавме граѓаните навремено да ги добиваат информациите од оваа сфера. Исто така како првенци во овој проект , не само што наидовме на огромна поддршка од нашите сограѓани, туку бевме мотивација и за останатите пограбални претпријатија од нашата земја да ги следат нашите чекори, односно да го практикуваат нашиот пример.

 

Не е нешто ново ако спомнеме дека поголемиот број од нашите текстови за некролози ги преземаат;односно ги користат и другите оператори од Македонија. Оргиналноста и несебичноста се дел од стратегијата на менаџерскиот тим на Мирен сон. Резултатите од овој проект според нашата сондажа се евидентни дури и повеќе од очекуваните. Имаме голема читаност и преглед, а печатените некролози полека но сигурно се намалуваат и ќе станат дел од историјата на Охрид kako туристички бисер.

 

Не треба да ги занемариме и предлозите,сугестиите и забелешките на нашите корисници на услуги и останати граѓани кои уредно ги споделуваат со нас. Тоа ни е мотив плус за секојдневно да се подобруваме во нашата работа бидејќи нашето мото е ДОВЕРЛИВОСТ, ВНИMАНИЕ, ОРГИНАЛНОСТ.

 

Почитувани посетители на нашата Веб страна : И понатаму ги очекуваме Вашите сугестии на нашиот е-маил mirenson@yahoo.com

 

Со почит од менаџерскиот тим на Мирен сон

 

 

Пребарај

Надежда Блажеска