All for Joomla All for Webmasters

Почитувани посетители на Веб страната на погребалниот оператор ” Мирен сон” од Охрид

 

 

Поставување на некролози на Веб страна е проект кој нашето претпријатие Мирен сон успешно го реализира изминативе 9 години. Веб страната на Мирен сон е првата Веб страна на  погребално претпријатие од ваков вид во Република Македонија. Поддршка и одлична соработка постигнавме со охридските портали, Ohridnews и Ohridnet . Нашата цел и интенција како респектабилно и најголемо претпријатие во регионов, кое покрива околу 90% од погребувањата во Охрид и Дебрца, беше и сеуште е да ја замениме онаа непопуларна слика во градот со поставени некролози низ охридските улици.

 Резултатите од овој проект според нашата сондажа се евидентни дури и повеќе од очекуваните. Имаме голема читаност и преглед, а печатените некролози полека но сигурно се намалуваат и ќе станат дел од историјата на Охрид kako туристички бисер.

 Не треба да ги занемариме и предлозите, сугестиите и забелешките на нашите корисници на услуги и останати граѓани кои уредно ги споделуваат со нас. Тоа ни е мотив плус за секојдневно да се подобруваме во нашата работа бидејќи нашето мото е ДОВЕРЛИВОСТ, ВНИMАНИЕ, ОРГИНАЛНОСТ.

 

Почитувани посетители на нашата Веб страна : И понатаму ги очекуваме Вашите сугестии на нашиот е-маил mirenson@yahoo.com

 

Со почит од менаџерскиот тим на Мирен сон

 

 

Пребарај

Велика Стенкоска