All for Joomla All for Webmasters

Доверливост, внимание, оригиналност

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани.

ДООЕЛ Мирен Сон упатува јавна благодарност до сите граѓани кои досега присуствуваа на погребите на кои во целост се почитуваа сите одлуки на Владата и нашите препораки со што сите заедно допринесовме во Охрид и во Дебрца на погребите да нема ширење на вирусот.

 

Заради делумно ублажување на мерките за заштита од вирусот Covid 19 (Корона), почитувајки ги одлуките и препораките од надлежните институции погребалното претпријатие ДООЕЛ Мирен Сон   Oхрид следејки ги препораките од Д.К.Т. i користејки го своето 30 годишно искуство согласно ситуацијата изврши реорганизација на начинот на работа во врска со организацијата на погребувањето и тоа :

  1. Пријавување на смртен случај ќе се врши на следниве телефонски броеви070 212 830 и 078 212 830 и лично во просториите на ДООЕЛ Мирен Сон.
  2. Без разлика дали е полициски час или не, во сите 24 часа една од нашите 4 дежурни служби во договореното време опремени со заштитна опрема ќе го презема починатото лице, ќе го пренесува до мртовечница и ќе се чува во ладилник.
  3. Согласно нашиот претходно направен и веќе применет начин на организација, за време на полицискиот час целокупната организација ќе се прави без да има потреба член на семејството да излегува од домот. Нашите екипи изминатиов период сите инструкции за организација ги даваа телефонски и тој систем се покажа функционален во целост.
  4. При превземањето ќе бидат превземани и личнитеработи кои се неопходни за припрема на починатите лица или истите ќе се донест во просториите на ДООЕЛ Мирен Сон.
  5. При превземањето на семејствата ќе му се даваат целосни писмени упатства, насоки и објаснување за организацијата на погребот или истите ќе се испраќаат на вибер од специјалниот број за оваа намена  070 520 321.
  6. Доколку  се потребни дополнителни објаснувања тие ќе се вршат по телефон 070 212 830 и 078 212 830 и вибер 070 520 321.
  7. На некролозите кои се објавуваат и на нашата web страна видно се истакнува дека погребот ќе се изврши во кругот на семејството и поблиските пријатели со назначено време на изложување.
  8. Препорачливо е на погребувањето да присуствуват семејството, поблиските роднини и поблиските пријатели.
  9. Согласно одлуката на Владата, препораките од Министерството за здравство и препораките од Д.К.Т. СИТЕ ПРИСУТНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСАТ ЗАШТИТНИ МАСКИ И МЕЃУ СЕБЕ ДА ГО ДРЖАТ ПРОПИШАНОТО РАСТОЈАНИЕ.
  10.  Изложувањето и понатака ќе трае половина час.
  11. Изложувањето и опелото се вршат на отворен простор.
  12. Канцеларијата за контакт со клиенти каде се врши наплата и објаснување за понатамошните постапки ќе работи со претходна телефонска најава за договарање на термин.
  13. И понатака препорачливо е на погребите да присуствуваат помал број на луѓе, а граѓаните сочувство да изразуваат преку телефон или преку социјалните мрежи.          

 

Ги замолуваме сите граѓани како и до сега да имаат разбирање за овој начин на работа заради новонастанатата состојба и понатака да ни ја даваат својата поддршка максимално да се заштитиме и сите заедно да се   избориме за што побрзо Корона вирусот да стане минато.

Со почит,

Тимот на ДООЕЛ Мирен Сон - Охрид

Пребарај

Наце Наќоски