All for Joomla All for Webmasters

Доверливост, внимание, оригиналност

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани.

Заради новонастанатата состојба со вирусот Covid 19 (Корона), почитувајки ги одлуките и препораките од надлежните институции погребалното претпријатие ДООЕЛ Мирен Сон Охрид користејки го своето 30 годишно искуство изврши реорганизација на начинот на работа во врска со погребувањето и тоа :

  1. Пријавување на смртен случај ќе се врши на следниве телефонски броеви: 070 212 830 и 078 212 830.
  2. 24 часа една од нашитедежурни служби во договореното време опремени со заштитна опрема ќе го презема починатото лице, ќе го     пренесува  до мртовечница и ќе се чува во ладилник.
  3. При превземањето ќе бидат превземани и личните работи кои се неопходни за припрема на починатите лица.
  4. При превземањето на семејствата ќе му се даваат целосни писмени упатства, насоки и објаснување за организацијата на погребот или истите ќе се испраќаат на вибер од специјалниот број за оваа намена 070 520 321.
  5. Доколку се потребни дополнителни објаснувања тие ќе се вршат по телефон 070 212 830 и 078 212 830 и вибер 070 520 321.
  6. Единствено само еден член на семејството да биде задолжен за извршување на административните работи околу погребот.
  7. На некролозите кои се објавуваат и нанашата web страна видно се истакнува дека погребот ќе се изврши во кругот на потесното семејство.
  8. На погребувањето присуствува само потесното семејство и тоа на отворен простор.
  9. Ручек после погребубањето не се дава.
  10. Канцеларијата за контакт со клиенти каде се врши наплата и објаснување за понатамошните постапки ќе работи со претходна телефонска најава за договарање на термин .
  11. Граѓаните сочувство да изразуваат по телефон.

      

Ги замолуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките кои и претходно ги дававме за областа погребувањево целост да се почитуваат сите препораки на Министерствотоза здравство   и сите одлуки на Владата.

Им препорачуваме на останатите погребални претпријатија во Македонија како до сега, така и одсега повторно да го преземат овој текстјавно да го објават и да се обидат да го применат овој начин на работа. Доколку им е потребна наша помош слободно можат да ни се обратат.

Ги замолуваме сите граѓани да имаат разбирање за овој начин на работа заради новонастанатата состојба и да ни ја дадат својата поддршка максимално да се заштитиме и сите заедно да се избориме за што побрзо Корона вирусот да стане минато.

Со почит,

Тимот на ДООЕЛ Мирен Сон - Охрид

Пребарај

Науме Локоски