Погребални услуги
Постојано го градиме нашиот углед, квалитет и доверба, нудејќи совршеност на нашите услуги и сочувство во моментите на загуба. Нашиот искусен и посветен тим ќе Ве насочи во обезбедување на квалитетни услуги според вашите желби и потреби.
Цел ни е погребалните услуги да ги подигнеме на ниво на европскиот и светскиот стандард, како би им овозможиле на ожалостените да ги испратат своите драги личности кон вечното почивалиште на што подостоинствен начин.
Брзо , професионално и ефикасно вршиме :
>> Превоз и преземање на починати лица од местото на настанување на смртта до местото на погреб во земјата и странство
- со специјални погребни возила и
- авионски
>> Голем асортиман на погребална опрема (ковчези, венци, погребни обележја, погребна галантерија)
>> Припрема на починати лица (облекување, тоалетизација)
>> Припрема на починати лица во трагични настани со најсовремени средства и техники за декоративна козметика и козметичка хирургија
>> Ископ/закоп на гроб во село и град вршиме секој ден со закажување на термин и гробно место
>> Eксхумација - откопување на посмртни останки од гроб вршиме на барање на членови на потесното семејство на погребаното лице или на барање на судот и надлежните органи, според пропишаните законски прописи
>> Продажба, отворање и затворање на лимени сандаци
>> Организација на погреб (договарање на термин, протокол, изложување во капела , погребна поворка)
>> Организација на погребна церемонија
- духовнo црковнo пеење
Пеењето ја утешува и релаксира душата. Целта на духовното пеење во позадина е да создаде смирувачки амбиент и молитвена атмосфера во моментите на жалост при изложување на покојникот во мртовечница.
>> Објавување на некролози, сеќавања и благодарности во дневен весник
>> Уредување на потребната документација за преземање и испраќање на починати лица од/во целиот свет
>> Посредување за кремирање во странство
>> Однапред договорени услуги по желба на фамилијата
Сите подготовки и одлуки во врска со погребот на одредена личност можат да се направат порано, пред настанувањето на смртта, заради олеснување и донесување на одлуки без емоции. Вие ги одбирате услугите кои сакате да ги имате , а ние ги извршуваме професионално и одговорно.
>> Кетеринг услуги