Кога смртта ќе настапи во некоја друга земја (во странство), ја спроведуваме комплетната процедура и услуги за враќање на починатите лица и испраќање на починатите лица во други земји (репатријација). Нашето скоро дваесетгодишно искуство во меѓународната репатријација гарантира професионален однос и одговорност кон Вас и кон нашите услуги.
Нашата цел е да Ви помогнеме во комплицираните административни процедури со што би ги олесниле ефектите од соочувањето со смртта на вашите блиски во странство. Затоа сме посебно ангажирани во меѓународната репартијација на починати лица.
Во случај на смрт на Вашите блиски во странство ги вршиме следните услуги:
- Уредување на целокупната потребна документација, одобренија и погребална опрема кои се потребни за репатријација на починатите лица
- Преземање и испраќање на починати лица од и во целиот свет
- Авионски транспорт на починатите од и во сите земји низ светот
- Транспорт на починатите со специјални атестирани погребни возила
- Превоз и преземање од/до аеродром и транспорт до местото на погреб